Вчера во 12:50 часот во Полициската станица Центар Н.С.(33) од Скопје, пријавила дека нејзините деца близнаци во нејзиниот дом на ул.„Загрепска“ биле физички и психички малтретирани од А.К.(55), која била ангажирана како нивна дадилка.
А.К. е приведена, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.