12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаБЕКТЕШИ ВЕРЕН НА КОСОВО: НЕ ОДАМ НИКАДЕ ЗА МАКЕДОНИЈА КОСОВО МИ Е...

БЕКТЕШИ ВЕРЕН НА КОСОВО: НЕ ОДАМ НИКАДЕ ЗА МАКЕДОНИЈА КОСОВО МИ Е ВО СРЦЕТО?

spot_imgspot_img

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска извести дека го откажал неговото присуство во форумот на Енергетската заедница во Молдавија, поради тоа што на истиот не е поканета Република Косово.

Министерот ова го обелодени преку писмото кое му го испратил на организаторите на форумот во кое ги наведил и горенаведените причини.

Инаку во Македонија веќе сериозно се поставува прашањето кога, како и каде се носат некои владини институционални одлуки и се решава за постапките на владини официјални лица од политичкиот врв.

Инаку овој форум е состанок на европската енергетска заедница, плус европската комисија, каде најчесто се разговара за енергетска проекти, извори на обновлива енергија, изградба на регионални далеководи, план за гасификација во регионот и тоа и те како ја тангира Македонија и нејзините граѓани.

реакцијата на Бектеши пренесена во Лајм

Бурни реакции поттикна тоа што вицепремиерот за европски прашања, важен претставник на Република Македонија, Бујар Османи го откажа гостувањето на конференцијата во БиХ посветена на земјите од Западен Балкан, а како причина го наведува тоа што не биле повикани претставници од Косово.

Кој одлучува за ова присуство и чиј е „ суверенитетот “ кога се работи за вакви важни прашања?

само пред 10 месеци Османи ја потврди информацијата и се изјасни дека се работи за принцип. На тоа следуваше и одговор од Владата на РМ.

„Вицепремиерот Бујар Османи има донесено сопствена процена да не учествува на конференцијата посветена на Западен Балкан. За ова прашање не е разговарано на ниво на Влада на РМ и се работи за проценка на вицепремиерот“, велат од Владата на Република Македонија.

Како ќе влијае оваа проценка на Османи, кој претходно се консултирал со министерот за надворешни работи на Албанија и заеднички одлучиле да ја бојкотираат конференцијата со своето неприсуство, останува да видиме.

Инаку, Косово не е признаено од БиХ.

Извор -Лајм

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...