18.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаУапсен Македонец за убиство во Братислава

Уапсен Македонец за убиство во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во Братислава. Тие се обвинети за соучесништво во убиство.

Третиот напаѓач е македонски државјанин. Како што пишува „Блиц“, тој бил уапсен во Словачка. Сепак, од словачката полиција информираат дека врз македонскиот државјанин се уште не е покренато обвинение.

Уапсените Срби се на возраст од 21 и 26 години и доколку се докаже вината ги очекува казна затвор од седум до десет години.

Во неделата околу 5 часот утрото, полицијата во Братислава добила повика дека пред Главната пошта во центарот на градот лежи млад човек без знаци на живот. Итната помош стигнала на лице место и констатирала смрт.

Полицијата објави видео-снимка од надзорните камери на кои се гледаат напаѓачите и ги замоли граѓаните да се јават доколку препознаат некој од нив. Нивните фотографии го обиколија регионот, по што следеа апсењата, пишува „Блиц“.

извор: Makfax

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...

Само заедно можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси-УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Заедно, можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси и да го градиме општеството кое...

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!