Трите малолетни девојчиња со повреди беа пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако патничко возило утрово удрило во нив на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир.
Од фотографиите од местото на настанот се гледа дека децата биле прегазени од таксист. Едно од девојчињата е во тешка здравствена состојба по ударот од автомобилот.
Од МВР за МИА информираат дека во 10:58 часот е пријавено дека патничко моторно возило „Пасат“ со скопски регистарски таблици удрило во трите малолетни девојчиња – пешаци.