Во Австралија каде постои огромна македонска заедница беснеат големи пожари. Нашите мисли и молитви се со нашите во Австралија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Има разрушени објекти, има и австралиски граѓани жртви и повредени. Опустошена е огромна површина. Поддршка и за владата на Австралија во борбата со оваа огнена стихија. Нека Бог биде со вас и ви помогне побрзо да се справите со овие предизвици, додава Мицкоски.