6.9 C
Ohrid
четврток, ноември 21, 2024
ПочетнаUncategorized @mkФактор: Плукајте по партиите и политичарите не по ракометарите

Фактор: Плукајте по партиите и политичарите не по ракометарите

Како никогаш досега дел од македонската јавност е максимално отруена следејќи го Европското првенство во ракомет на кое досега репрезентацијата на Македонија одигра два натпревара со еден пораз и победа. Тоа што најмногу ги загрева тензиите се коментарите на социјалните мрежи и написите на дел од пропагадните медиуми за политичко и партиско мешање во спортот, особено во репрезентацијата.

 

За жал наместо да се гледа ракомет како еден од најуспешните македонски спортови и да се навива за сопствената репрезентација, социјалните мрежи и онлајн медиумите вријат со говор на омраза, со навреди, пцовки, со повици да не се навива бидејќи одредени ракометари имале политички ставови.

 

„Да не се навива за репрезентацијата, затоа што Борко е во ВМРО-ДПМНЕ, да не се навива за ракометарите затоа што не изговарале Северна, да се вратат дома ракометарите затоа се скандирало Никогаш Северна“, се само дел од статусите на партиски активисти и функционери кои се обидуваат да прикажат дека само една партија се обидува да капитализира политички поени преку национализам и играње на патриотската карта.

Ракометарите како граѓани на оваа држава го имаат секое право да бидат политички определени, да членуваат во политички партии и да учествуваат во кампањи или пак да се борат за државни позиции. Никој не треба да му биде забрането јавно да изрази став, да покаже незадоволство од одредена политика или да критукува. Досега и македонските навивачи кои отпатуваа во Виена се максимално коректни на трибините, немаше ниту едно националистичко скандирање, ниту навреди на верска или етничка основа на какви сме биле сведоци на натпревари од минатото.

Напротив, таа позитивна атмосфера која била вообичаена за минатите години кога надвладуваше навивачка еуфорија кај македонскиот народ сега е нарушена со навреди кон дел од ракометарите само заради нивните политички определби.

Точно е дека врвни спортисти не смеат да ја злоупотребуваат својата платформа за политичко агитирање што се коси со правилата на светските и европските спортски федерации и асоцијации. Вон теренот, секој има право да биде политички активен и тоа досега и се покажа коректно, дури и кај тие ракометари кои не кријат дека се дел од политичките партии.

Од друга страна и претставници на опозицијата непотребно ги подигнуваат тензиите и поделбите меѓу навивачите и граѓаните. Коментарот дека ракометарите и одржале лекција на Тамара како се пее химната е низок, беспотребен и само дополнително влијае на создавање лоша слика за целокупната атмосфера.

Наместо граѓаните да се оттргнат од грдото политичко конфронтирање кое го преживуваме на дневна основа, уште повеќе ги политизираме и партизираме сите можни општествени настани, како досегашната зла крв и омраза да не ни се доволни, како да сакаме уште до толку да се поделиме на сите можни основи и поводи.

Спортските победи и успеси, настапи на големи европски и светски турнири треба да послужат пред се забава, за релаксирање од останатите проблеми на денешницата, да се радува на националниот дрес, на боите кои ги бранат македонските спортисти. Сите тие играат за клубови од каде земаат приватни, а не државни пари, се натпреваруваат во најсилните европски лиги и ама баш никој не може да ги натера со сила да играат за црвено-жолтиот дрес. Затоа не плукајте по ракометарите на политичка основа, покажете дека ако ништо друго имате повисоко ниво на политичка култура од вашиот опонент кој не е дел од партијата на која сте припадник или симпатизер.

Спортот треба да се остави во арените и трибините, а не во партиските штабови и по профилите на социјалните мрежи и пропагадни портали покажувајќи им на вашите сопартијци и раководители колку сте вие силен бранител на партијата со небулозни ставови, навреди и повици за поделби.

 

Х.С.-faktor.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...