6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКумановец доби 50.000 евра на грепка во Германија

Кумановец доби 50.000 евра на грепка во Германија

spot_imgspot_img

Кумановец завчера изгребал 50.000 евра на грепка во Нирнберг, во германската покраина Баварија.

Тој додека патувал кон Македонија застанал на бензинска пумпа да се одмори и притоа се одлучил да си ја проба среќата.

– Не сум редовен играч на лото ниту пак на спортска прогноза. Од забава купив еден лоз кој чинеше 2 евра. Почнав да гребам и на две места ми се појавија по 50.000 евра. Почна да ме обзема возбуда, но не верував дека ќе добијам нешто. Кога ја изгребав и последната  од трите исти бројки не можам да ви го опишам чувството. Помешани емоции од неизмерна среќа до неверување дека ја добив главната премија , – раскажува возбудено нашиот сограѓанин, кој додава дека за Божиќ паричката се паднала кај него и ова е првата потврда дека среќата оваа година ќе биде на негова страна.

Тој вели дека нема план за што ќе ги потроши парите, но бидејќи гради куќа добредојден му е секој денар, а не толку голема сума на пари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...