14.9 C
Ohrid
понеделник, април 28, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридОхридските и Струшките сопственици алармираат: Останавме без угостителски работници...

Охридските и Струшките сопственици алармираат: Останавме без угостителски работници…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како се наближува туристичката сезона, угоститиелите од Охрид и Струга стравуваат дека проблемот со недостатокот на стручна работна сила, пред сè готвачи, келнери и шанкери, ќе се продлабочува. Од кластерот за туризам алармираат дека веќе во март голем дел од нашите работници ќе заминат на работа во Хрватска. Кадарот што недостасува ќе мора да се надополнува со работници од други градови, но и од Албанија. Сепка, ниту тоа не е доволно.

<

Сузана Наумоска-претседател на кластер за туризам “Еден“

„Во Охрид, имаме прилив на работна сила од Поградец и од Корча, што е доста интересно. Ако го знаат јазикот е предност, но ако не го знаат, има проблем. Ако нашите мигрираат надвор и мигрираат во ЕУ и ние треба од некаде да донесеме некој што може да работи на ова поднебје.“

За да се задржат домашните кадри, експерите апелираат – газдите да ги зголемат платите.

Науме Мариноски-професор на факултет за туризам

„Хотелиерите и другите чинители во туристичката дејност треба да бидат претпазливи и да ги следат трендовите кои се актуелни денес во развиените земји. Ако тоа го направат, ќе видат дека не само платите, туку и третманот и односот кој го имаат кон вработените ќе го подобрат бидејки тоа е во нивни интерес.“

Минатата сезона со цел да се пополни недостатокот на квалификувана работна сила, многу често беа вработувани неискусни кадри, што создаваше проблеми. Неодамна од Хотелската асоцијација на Македонија испратија барање до Владата со кое бараат итно да се олеснат законските процедури за да можат без проблем да носат работници од други држави.

news33

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Добри вести од Турција: Повредените од дискотеката Пулс „Мартин и Борис се подобри, наскоро ќе ги пречекаме дома“

Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, придружуван од претставници на Конзулатот на Северна Македонија во Истанбул, вчер ја посети...

Човечки труп пронајден во Вардар !!!

Вчера околу 18.35 часот во СВР Тетово, Б.Д. од село Тумчевиште, гостиварско, пријавил дека во водите на река Вардар, во атарот на с.Чегране, во...

Со водени топови беа пречекани германските пожарникари и претставници од амбасадат во Кочани кои донираа ново возило и опрема.

Со водени топови беа пречекани германските пожарникари и претставници од амбасадата кои на Доброволното противпожарно друштво во Кочани му донираа ново возило и опрема....

Стојанче: На местото на крвавата заседа кај Вејце- 24 години подоцна !!!

НА МЕСТОТО НА КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ 24 години подоцна Утрово, делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени...