13.6 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонија(ВИДЕО) Мигрантите од Авганистан во Македонија беа пречекани со храна, чиста облека,...

(ВИДЕО) Мигрантите од Авганистан во Македонија беа пречекани со храна, чиста облека, кафе и.т.н

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одејќи пеш по железничката пруга, десетина мигранти синоќа околу полноќ стигнаа во Велес. Сакале тивко, далеку од очите на жителите на градот да го поминат и да продолжат кон северната граница. Ги забележала хуманитарката Ленче Здравкин која живее веднаш до пругата и ги повикала во нејзиниот двор. Изнемоштени, нечисти, гладни, жедни и повредени, внимателно ја прескокнаа оградата и ја прифатија нејзината понуда.

<

Пред повеќе години овие луѓе тргнале од своите родни земји Авганистан и Пакистан во непознато. Стигнале во Турција и оттаму не можеле да продолжат. Се вработиле во локална фабрика, каде што и се запознале меѓусебе.

Откако минатата недела Турција ја отвори границата за мигрантите, тие се едни од ретките кои имале среќа илегално да влезат во Грција, во обид да дојдат до земјите од западна Европа. Овие луѓе во Македонија влегле пред една недела, на диви премини. По дожд и сонце, студ и ветер, пеш, километар по километар го совладувале патот. Целта им е Франција, а до неа планираат да пешачат низ Србија, Босна, па по воден пат до Италија. Велат дека на турско-грчката граница има многу бегалци, но грчките полицајци не дозволуваат никој да премине.

Ленче Здравкин, која веќе пет години им помага на бегалците кои поминуваат покрај нејзината куќа, вели дека овие луѓе се дел од спорадични групи, кои успевале некако да ја поминат границата.

Групата бегалци, млади момчиња на возраст од околу 20 години, немаа зборови со кои сакаа да и заблагодарат на Ленче Здравкин за нејзината хуманост. Направија и по некое селфи за спомен од нивното најголемо и најнеизвесно патување во животот.

Велат дека на нивниот пат до Велес немале проблеми, ниту пак некому дале пари за да ги пренесе преку граница. Сметаат дека во европските земји е мирно и се почитуваат човековите права, нешто што е само сон за нивните родни земји.

Неизвесноста за овие луѓе е уште поголема, откако Србија најави дека херметички ќе ги затвори границите за мигрантите. Но, тие не размислуваат за тоа. Секој поминат километар за нив се само 1000 метри поблиску до нивната ветена земја.
ТВ 24

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...