6.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСредношколците прашуваат зошто сеуште нема средства за хигиена во училиштата?

Средношколците прашуваат зошто сеуште нема средства за хигиена во училиштата?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите ни зборуваат дека многу болести доаѓаат преку нечистите раце, а никој не се загрижил за тоа што немаме сапун во училиштата во кои поминуваме и по осум часови во денот. Ова е реакција на средношколците кои преку Сојузот на средношколци започнаа кампања на социјалните мрежи наречена #немасапун или #skasapun објавувајќи фотографии од десетици училишни тоалети ширум земјава кои се во ужасна состојба.

<

Нечисти подови, искршени мијалници, валкани ѕидови, искршени или откорнати диспензери за течен сапун, е само дел од она што може да се види на фотографиите кои се објавуваат на Фејсбук и на Твитер.

Бленди Ходаи, претседателот на Сојузот на средношколци за „Мета.мк“ вели дека сите препораки на институциите се редовно да се одржува лична хигиена, а во пракса, истите институции не обезбедуваат најосновни средства за лична хигиена.

– Препораките се дека треба да се чуваме од корона вирус, од грип и од други инфекции, со тоа што редовно ќе миеме раце. А како да миеме раце кога тоалетите се ужасни? Поентата е со оваа кампања да добиеме фотографии од што повеќе училишта во земјава, да ја видат сите реалната состојба – дека навистина нема сапуни. Ќе ги собереме сите фотографии и ќе ги објавуваме на социјалните мрежи, за да ја подигнеме свеста кај училишните раководства, локалните власти, Министерството, дека не може, на пример, учениците во Средно медицинско да учат за хигиена, а во исто време во тоалетот да немаат сапун да се измијат – вели Ходаи.

Средношколците неретко и самите ги оштетуваат или уништуваат мијалниците, чешмите и диспензерите за сапун. Ходаи вели дека тоа е вистина, но она што недостасува за да се спречи ова се едукативни работилници што треба да ги организираат директорите, на кои ќе се зголемува свеста за чување на она што е заедничко и имот на училиштето, а им служи на сите.

– Јас учам во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. И овде немаме сапун во тоалетите, има искршени мијалници. За ова треба некој да се погрижи, не смее да продолжи вака – додава Бленди.

Оваа кампања произлегла од проект на „Демокраси лаб“. Како што објаснува извршниот директор, Сефер Селими, ова е дел од проектот Young journalists network, во кој се обучуваат млади новинари.

– Во рамките на тој проект, освен обуките со меѓународни и локални експерти, учесниците имаат и обврска практично да работат. Една од нив е да напишат различни текстови и да направат различни истражувачки стории. Како дел од тие стории, е актуелниот проблем со корона вирусот, а со тоа и нужноста за подигање на свеста од опасноста генерално од вирусите. Така, има кампања за подигнување на свеста кај институциите дека вирусот или заразите можат да се спречат со одржување на хигиената, а во практика всушност се покажува дека немаме најобични услови за одржување на хигиената. Сега кампањата со фотографиите од тоалетите во училиштата е независна од нашиот проект – појаснува Селими.

 

Фотографиите од тоалетите без сапун се објавуваат со хаштаг #skasapun и #немасапун. Кампањата, како што објаснуваат во Сојузот на средношколци, ќе трае во следниве три недели, а потоа ќе им се достават на надлежните од кои се очекува да ја променат ваквата состојба на терен.

Пред извесно време, „Мета.мк“ објави дека во училиштата, посебно во основните, родителите се тие кои ги купуваат сите потребни средства за хигиена за нивните деца додека се на училиште. На прашањето, зошто родителите да купуваат тоалетна хартија, наместо градоначалниците, Велимир Смилевски, првиот човек на општина Бутел, одговори дека не се работи за тоа дека општината нема пари да купува, туку дека едноставно, средствата за хигиена се крадат.

– Не купуваме тоалетна хартија затоа што ја крадат. Ако видат дека ја има, се маваат со неа. Дополнително, се случува да паѓа на подот, па и од хигиенски причини нема хартија во училиштните тоалети. Ние како општина купуваме сапун и средства за одржување на хигиената во училиштето. Но, за влажни марамчиња, антибактериски гелови, бришачи и слични средства – тоа е желба на родителите, тие самите тоа го набавуваат, никој не им наложува – изјави Смилевски.

Мета

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...

Инцидент во Ѓорче Петров: Додека граделе нова го урнале ѕидот на соседната зграда

Додека градат нова зграда, пробиле ѕид на соседната. Хаварија при градежни активности ги вознемири жителите на станбениот блок на ул. Партизански одреди во Ѓорче...

Полицијата во Кондово пронајде пиштол !!

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице На 10.04.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(35) од с.Кондово, скопско....