18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаНад 1300 граѓани вчера заминале странство и покрај забраните, Димитров апелира -Не...

Над 1300 граѓани вчера заминале странство и покрај забраните, Димитров апелира -Не патувајте

Од вчера на пладне до рано утрово денеска од земјава заминале 1.331 македонски граѓанин, објави на неговиот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Никола Димитров и потсети дека синоќа апелираше граѓаните да се воздржуваат од патувања во странство, бидејќи никој не може да им гарантира дека ќе можат да си дојдат дома кога планирале.
„Не сакам да навлегувам во мотивите. Можеби сите овие патувања биле нужни. Но, чувствувам должност да предупредам на алармантната состојба насекаде. Имам впечаток како недоволно да е јасна ситуацијата во регионот, во Европа и во светот.

Државите спуштаат рампи постојано, се затвораат аеродроми, се менуваат граничните режими, се забранува влез на странски државјани, се менуваат правилата на секои неколку часа.

Имаме граѓани по разни аеродроми, со откажани летови, со откажан бординг бидејќи земјата на дестинација одлучила да дозволи влез само за своите државјани. Имаме луѓе со коли во колони во Словенија, во Австрија, во Хрватска … Пуштаме дипломатски ноти со лични податоци на нашите граѓани врз основа на нивните телефонски разговори со кризниот тим во МНР. Некои конзуларни барања успеваат, некои не. Ние имаме контрола само врз своите, македонските граници. Ние не ги контролираме границите на други држави.

Во услови на ваква огромна глобална криза предизвикана од пандемијата на вирусот, со целосна непредвидливост на дневна основа, ние апсолутно не можеме да гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома тогаш кога сте планирале.

Истовремено, секое патување драстично го зголемува ризикот по здравјето не само за вас и за вашето семејство, туку за целата нација.

Драги граѓани, повторувам:

Не патувајте!”, напиша Димитров.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден опожарен автомобил помеѓу селата, Волино и Мешеишта

Рано утрово пронајден е опожарен автомобил помеѓу селата Волино и Мешеишта. Спред првичните информации од мештаните не знаме за каква марка на автомобил станува...

Денеска по струшките улици литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“

Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во...

Страотна сообраќајка во „Влае“, едно од возилата е преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово кај мостот „Влајко“ во скопската населба Влае. Во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното е пресечено на...

Петкоска: Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани-Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите! Убедена сум...