13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаСветТрогателно: Италија ја надмина Кина во бројот на почината од коронавирус.

Трогателно: Италија ја надмина Кина во бројот на почината од коронавирус.

талија ја надмина Кина во бројот на починати од коронавирусот откако во последните 24 часа имало уште 427 мртви. Втор ден по ред, бројката починати во Италија е поголема од 400 откако вчера биле рекордни 475.

Вкупната бројка починати во Италија се искачи на 3.405, додека во Кина, од каде што заразата се прошири низ цел свет, досега се 3.245.

Меѓу жртвите се и петмина лекари во Ломбардија, со што бројката починати здравствени работници се зголеми на 13.

„Очајнички ни требаат лекари и медицински сестри, како и заштитна опрема“, изјави директорот на болницата во Бергамо Стефано Фаџуоли.

Во Италија има и 5.322 новозаразени, а вкупно 41.035.

Премиерот Џузепе Конте веќе најави дека националниот карантин ќе биде продолжен и после 25 март.

сдк.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...