14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Ние црквите не ги затвораме, црквите ќе се отворени ама вие...

Спасовски: Ние црквите не ги затвораме, црквите ќе се отворени ама вие ќе славите Велигден дома.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Оливер Спасовски посочи дека Владата не може да ги затвори храмовите на верските заедници во државата. Овој став следува откако МПЦ соопшти дека црквите ќе бидат отворени за литургија за претстојните празници, но верниците да носат маска или шал. Спасовски апелира до граѓаните да останат дома, во кругот на семејствата, и така да го прослават Велигден.Да се почитува мерката да нема групирања и да останеме на социјална дистанца и за претстојните велигденски празници. Јас упатив порака и пред неколку дена, во која реков дека сега е моментот велигденските празници да ги прославиме дома, со нашите семејства и во духот на нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верските објекти и непрактикување на верата. Тоа не може да се донесе. Во ниту една состојба, во која може да се најде државата, не може, затоа што тоа е право кое е неприкосновено. Меѓутоа, знаете дека имаме ставови, одлуки на МПЦ и ИВЗ, што се однесува на почитувањето на мерките на државата за социјална дистанца. Апелирам до граѓаните за време на празниците да останеме дома, во кругот на нашите семејства, така најбргу ќе го победиме ова зло, односно спречување на ширење на вирусот“, рече Спасовски.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...