17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЗдравствениот систем на колена, фалат протоколи за лекување, фали медицински кадар

Здравствениот систем на колена, фалат протоколи за лекување, фали медицински кадар

Пандемијата не се смирува а здравствениот систем е речиси пред колапс – бројот на починати на дневно ниво е обесхрабривачки. И додека надлежните постојано се правдаат дека за високата смртност причините се доцното доаѓање на лекар и претходните заболувања, експертите алармираат – проблем е недостатокот на протоколи за лекување но и недостаток на медицински кадар.

Зголемениот број на смртни случаи делумно се должи на фактот што пациентите релативно доцна бараат лекарска помош. Се хоспитализираат во исклучително тешка здраствена состојба. Недостатокот на протоколи има влијание, но сепак недостатокот на медицинскиот кадар од лекар, сестра, болничар има исто така големо влијание. Нашата држава има продукција на висококвалитетен медицински кадар но сепак миграцијата кон западноевропските земји придонесе да имаме и тоа каков недостаток на  кадар – вели за Алфа др. Владимир Ристовски специјалист интернист и субспецијалист кардиолог.

Поразителни се податоците на „Covid Data Check“.  Македонија убедливо е со највисока смртност од коронавирус во Европа. Од 4 до 17 септември, Македонија  е на првото место со 18,4 проценти на смртност. Втора е Црна Гора со 13,4 проценти, па Бугарија со 13,1. Во Србија, процентот е многу помал и изнесува 4,1 отсто.

Здравствените власти постојано апелираат, стапката на вакцинација да се зголеми, и експертите согласни – бројот на заразени и починати ќе се намалува со сериозна имунизација но појаснуваат – за да создадат имунитет нововакцинираните потребно е минимум 2 месеци и тоа зависи од типот на вакцината.  Дополнително загрижува лошата клиничка слика на хоспитализираните пациенти. Само во ковид центарот во ГОБ „8 септември“ повеќе од 80% се на кислородна поддршка, а голем дел се на неинвазивна механичка вентилација на Одделот за интензивно ковид лекување.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...

Жена од Скопско тешко повредена: Ја прегазил трактор

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино,...

Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека...

Излезеноста е над 40%, Македонија постигна цензус!

Државната Изборна комисија излезе со најновите информации за излезноста на двојните избори до 17 часот. За претседателските избори излезноста е 42.32%, додека за парламентарните 46,93%. Вкупно...