7.5 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонија(Фокус) Ова е човекот на кого му беше пресадено срце, по професија...

(Фокус) Ова е човекот на кого му беше пресадено срце, по професија бил молер но пред неколку години….

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

-Се ни е како во сон, уште не можеме да сфатиме дека ова навистина се случува. Настаните се нижеа еден по друг за многу кратко време, но полека се совземаме и ги средуваме мислите. Песимизмот дека мојот татко Иван ќе добие срце, дека ќе добие шанса за живот, денес веќе е зад нас – за „Фокус” раскажува Васил Огњановски, син на Иван (54), првиот пациент во земјава кој по пат на трансплантација од починат донор доби срце.

<

Комплицираната операција се случуваше синоќа, цели шест часа, кои семејството на Иван од Скопје ги поминало во грч и неизвесност. Кога утринава во телефонски разговор од клиниката ги известиле дека се е во ред, дека новото срце на Иван започнало да чука, заплакале од среќа.

-Се започна сосема ненадејно. Татко ми по професија е молер, долги години живееше во Русија, се врати пред околу пет години. Немаше здравствени проблеми, но пред околу четири месеци започна да се жали на отежнато дишење, на умор. По прегледите на клиника, му беше направена коронарографија на срцето. Препораката беше да му се направи бајпас операција. Но, ноќта пред операцијата, работите тргнаа лошо. На татко ми му се слошило на клиника, паднал во клиничка смрт, лекарските тимови го реанимирале цели десет минути… Го вратија назад, го спасија. Денес по втор пат го спасија неговиот живот, кога му го трансплантираа новото срце – раскажува Васил.

Вели дека кога лекарите пред неколку месеци му кажале дека единствена шанса за живот му е трансплантација на срце, или евентуално да добие механичко срце, целото семејство гледало песимистички на прогнозата и не верувале дека Иван ќе се спаси. И самиот Иван, не верувал дека некогаш ќе добие срце, бидејќи таков зафат во земјата се немаше направено на ниту еден пациент. На некој начин, се помирил со судбината дека треба да го чека судниот ден.

-Пред два дена првин мене ми се јавија од клиника, ми рекоа да му пренесам на татко ми да оди на контрола. За кратко и него му се јавиле, го известиле дека има срце, дека семејството на починатото лице е согласно да го донира. Тој многу се исплаши, дури и не сакаше да оди. Морав да го убедувам, му појаснував дека ова е неговата единствена шанса за живот. Ќе одиш и ќе живееш, или ова ќе биде крајот, му реков. Друго нема. Некако ме послуша, со страв замина на клиника. Му беа направени сите потребни испитувања, му кажаа дека трансплантацијата може да се изврши. Тој до последното не веруваше дека сето тоа се случува, дека ќе биде првиот пациент во Македонија кој ќе добие срце од донор- вели Васил.

Околу срцето, единствено им било кажано дека е од жена која починала во сообраќајна несреќа. Дури утринава Васил од медиумите го дознал името на жената чие срце сега чука во градите на неговиот татко, за прв пат на фотографија го видел нејзиниот лик.

-Денес од медиумите дознав за Емилија, за нејзиното семејство, за тоа дека е од Стар Дојран, дека со мопед имала сообраќајна несреќа, по што доживеала мозочна смрт. Го видов нејзиниот лик на фотографиите, не можам да ви опишам како се чувствуваме сите. Им праќаме благослов на нејзините блиски, на семејството кое покажа невидено човекољубие и се реши да спаси три животи, на татко ми и на уште две лица со бубрежни болести, на кои им се донираа нејзините бубрези. Сочувствуваме со големата болка на нејзиното семејство, искрено би сакале да се запознаеме, лично да им се заблагодариме. За овие теми, вистински зборови не можат да се најдат. Благослов до сите кои учествуваа во целиот процес, до лекарски тимови, до целата јавност која покажа голема солидарност и ни даде огромна поддршка – појаснува Васил.

Вели дека се уште не го видел неговиот татко, бидејќи според процедурата, постепено ќе го буделе. Раскажува дека се надева како закрепнувањето ќе помине во најдобар ред, дека телото добро ќе го прифати новото срце. Апелира до јавноста да се подигне свеста кога е трансплантацијата во прашање, бидејќи донирањето на органи спасува животи.

-Кога го испраќавме татко ми во операционата сала, тој беше преплашен, целата таа ситуација беше многу емотивна. Се обидов да бидам смирен, па му реков дека сите го чекаме да ни се врати жив и здрав. Кога од клиника ми кажаа дека срцето е прифатено и почнало да чука, беа тоа магични зборови кои ми донесоа едно големо олеснување, кои во мене предизвикаа една благодарност кон храброто семејство на Емилија, се создаде една врска помеѓу нас, која вечно ќе трае. Вечно да се благословени тие големи луѓе – раскажа Васил Огњановски.

Вики Клинчарова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...