Лекарскатата комора на Македонија се огласи преку социјалните мрежи, поточно преку профилот на Фејсбук каде што го сподели следново:
Бев меѓу првите заразени здравствени работници од Куманово. Прележав Ковид19 со средно тешка клиничка слика, но не беше ни најмалку наивна состојбата, 17 дена бев хоспитализиран на инфективното одделение во ОБ Куманово.
Штом помина минималниот задолжителен период од оздравувањето се пријавив во регистарот за донирање рековалесцентна плазма, пред околу 10 дена, но не беа сите анализи завршени за да можам веднаш да донирам.
Активен член сум на Лекарската комора, на почетокот на месецот организиравме кр водарителска акција помеѓу докторите која за жал, моравме да ја одложиме поради наглиот скок на новозаболени од Ковид19.
Знаејќи дека сум кр вна група Б+ и оздравен од Ковид19, претседателката на комората д-р Старделова ми го испрати апелот за донирање плазма кој се ширел неколку часа по социјалните мрежи.
Веднаш почнавме да се јавуваме на сите назначени телефони и стапив во контакт со семејството на пациентот и д-р Грубовиќ од Институтот за Трансфузиологија и веднаш се започна со правење на сите анализи кои недостигаа.
Утрово веќе беше издвоена кр вна плазма и се надевам дека веќе е доставена во ГОБ “8ми септември”.