6.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаСветКороната го смена животот: Од сега филмовите за возрасни ќе се без...

Короната го смена животот: Од сега филмовите за возрасни ќе се без бакнување и без оргии.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека Холивуд се бори за да се врати кон снимањето филмови со строги мерки, оддалеченост и помалку луѓе пред и позади камерата, индустријата за возрасни се бори со истите проблеми, но потребите таму се … малку поконкретни.

<

Сепак, минатата недела големите студија во САД полека почнаа да работат повторно, иако работите за нив се малку поразлични отколку порано.

На пример, Falcon Entertainment – една од најголемите геј порно компании во светот – се врати на процесот на снимање по тримесечен прекин, иако случаите на COVID-19 во Калифорнија неодамна повторно се зголемија.

Ова се случи откако „синдикатот“ на индустријата, Коалицијата за слобода на изразувањето (FSC), го покрена прашањето и ги натера локалните власти да ја укинат забраната за снимање.

Нивниот портпарол Мајк Стабил во изјава за магазинот „Ролинг Стоун“, вели дека организацијата не верува дека сè уште е безбедно да се снима, па затоа ги охрабрува актерите да ги одбиваат ангажманите ако тоа е можно. Според него, укинувањето на забраните е мотивирано главно од напорите да се минимизираат финансиските последици за индустријата.

„Знаеме дека за многу независни и мали компании, тоа е прашање на опстанок“, рече тој. „Нашиот план цело време беше да обезбедиме насоки за начините за намалување на ризикот, истовремено разјаснувајќи дека не може целосно да се игнорираат мерките за безбедност“.

Списокот на упатства вклучува заштитни маски, кои се задолжителни за тимот позади камерата, но не и за изведувачите, бидејќи нивната ефикасност би била занемарлива, со оглед на другите контакти помеѓу актерите.

Изведувачите и екипата, исто така, ќе треба да имаат негативни тестови за СОВИД-19 направени 24 часа пред денот на снимањето, но за разлика од оние тестови за сексуално преносливи болести, тестовите за коронавирус во голема мерка ќе бидат платени од продукциските куќи.

Falcon исто така им забранува на актерите да користат услуги како што е Uber, а исто така ги покрива и трошоците за престој во текот на ноќта во хотел додека се чекаат резултатите од тестовите за коронавирус. Компанијата дури ги следи социјалните мрежи на своите изведувачи за да се увери дека не отишле некаде на забава и дали ги следат мерките.

Една од главните разлики за време на снимањето е дека учесниците – пред и позади камера – треба да бидат сведени на минимум. Ова практично значи дека групниот секс во моментот е забранета територија.

„Ќе работиме секс сцени со двајца партнери“, рече Рајан Кеш, главен продуцент во компанијата „Brazzers“, која сè уште не снима и не планира да ја продолжи со работа во скоро време.

Патрик, директор на платформата за стриминг за возрасни AdultTime (чие презиме го чува во тајност), вели дека компанијата вовела привремен мораториум на „филмовите со четворица учесници, оргии и свингери кои менуваат многу партнери“.

Некои типови сексуални односи, исто така, ќе бидат привремено исклучени од филмовите, особено оние што вклучуваат огромна размена на телесни течности, како што се плукање, мокрење или сквирт. Бакнежите, исто така се ризични, па затоа некои компании препорачуваат истите да се исклучат од сценаријата.

Сепак, постојат скептици кои веруваат дека ограничувањата се целосно непотребни.

турбина.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Донација од Бугарија за градската општа болница во Кочани.

Во текот на вчерашниот ден Фондацијата „Гората. Бг“ од Република Бугарија донираше медицинска опрема за Општа болница со проширена дејност – Кочани. ЗУ Општа болница...

Пациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

Дали работат операционите сали на Клиниката за кардиохирургија и дали поголем дел од персоналот е на симпозиум? Дали овие се причините поради кои што...

Независниот советник Венко Крстевски најави кандидатура за в.д градоначалник на Кочани

Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. градоначалник во Кочани. Дали се...

Во кошницата ќе нема место за цигари и алкохол: Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните...

Државата отсега ќе пресметува колку пари треба да потроши трочлено семејство за да ги покрие основните потреби. Пресметката ќе се вика „просечна потрошувачка кошничка“....