4.9 C
Ohrid
петок, ноември 15, 2024
ПочетнаМакедонијаТрагедија на Клинички во Скопје: Пациент скокна од 6-ти кат

Трагедија на Клинички во Скопје: Пациент скокна од 6-ти кат

Пациент скокнал од шестиот кат на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија во Скопје во петокот и си го одземал животот, пишува Слободен Печат.

Како што пишува весникот, случката предизвикала огромна вознемиреност кај медицинскиот персонал кој останал во шок и неверување.

Среде бел ден, без ништо да наговести дека ќе се случи трагедија, пациентот си го одземал животот.

Директорот на Клиниката доктор Неџати Јакупи вели дека вакво нешто првпат се случува на Клинички центар.

-За жал, точно е. Во петокот се случи овој немил настан и сите сме во неверица. Пациентот беше опериран од карцином на бел дроб, беше повозрасен човек од над 60 години. Имал и претходно депресии. Наредниот ден требаше да се пушти дома после операцијата, беше опоравен а операцијата успешна. Но, за жал скокнал низ прозорецот од шестиот кат а ништо не го наговестуваше тоа, изјави доктор Јакупи за „Слободен печат“.

 

Извор: Слободен печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За малку избегната тепачка во Македонското Собрание..

Инцидент ја одбележа расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет, додека пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, беше на говорницата. Битиќи,...

Отказ за 15 високи полициски функционери- Давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување

Министерот за внатрешни работи откри дека во минатото се давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување. Поради ова, Одделот за...

Мечка сред бел ден се шета низ Ранковце…

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во...

Уште еден од најугледните полициски службеници во СВР Охрид, Горан Коруноски, од денес заминаува во пензија..

Горан Коруноски е роден 31.03.1973 во градот Кичево, прекрасен сопруг и татко на две машки деца. Неговите полициски денови започнаа во далечната 1994 година во...