18.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаГолема трагедија го погоди селото Дебреште: 6-годишно дете почина од пат на...

Голема трагедија го погоди селото Дебреште: 6-годишно дете почина од пат на трактор со кој управувал неговиот татко.

Голема трагедија го погоди селото Дебреште во Општина Долнени, во близина на Прилеп. 6-годишно дете го загуби животот вчера доцна попладнето околу 19:40 часот кога паднало од тракторот со кој управувал неговиот татко, 27-годишниот А.А., од истото село.

Според Јавното обвинителство од Прилеп кое веднаш извршило увид на лице место А.А. заедно со неговиот син се возеле по земјен пат во селото. Во еден момент тој забележал дека детето го нема на тракторот и дека тоа е паднато на улицата.

Веднаш го запрел тракторот и истрчал до детето и повикал итна помош. Екипата на итната помош од Прилеп веднаш го пренесле детето во општата болница „Борка Талески“, каде за жал лекарите можеле да констатираат само смрт.

Според директорот на болницата, Драган Богоески, детето имало тешки повреди на главата и вратот, додека на другиот дел од телото немало други видливи траги на модринки или гребнатини. Според видот и карактерот на повредите на главата Богоески претпоставува дека смртта настанала од повреди на тркалото од тракторот, но за тоа требало одговор да даде обдукцијата.

Од Јавното обвинителство во Прилеп истакнаа дека утринава била извршена обдукцијата, но се уште се чекале резултатите. Во моментов истрагата била во фаза на прибирање на докази.

Инаку од Итната помош во Прилеп велат дека секоја година имаат по 10-тина пријави за смртни случаи или пак повреди на деца и возрасни во сообраќајни несреќи со трактор, особено во летниот период кога се интензивира и работата во полето.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...

Само заедно можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси-УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Заедно, можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси и да го градиме општеството кое...

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!