5.4 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаАмериканската амбасадорка - Премиер се бира со мнозинство пратеници а не по...

Американската амбасадорка – Премиер се бира со мнозинство пратеници а не по етничка основа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнз во интервју за весникот на албански јазик „Коха” на прашањето што мисли за барањето на ДУИ идниот премиер на Владата да биде Албанец, рече дека плуралистички систем во земјава овозможува за тоа да одлучи парламентарното мнозинство, без оглед на етничката припадност.

<

„Зависи од мнозинството во парламентот кое ќе ја изгласа следната влада. Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се по природа на вашиот парламентарен систем одлучувачки фактори тука, без оглед на етничката или политичката припадност”, рече американската амбасадорка.

Таа кажа дека новата влада ќе мора да постави свои приоритети сега кога е овозможено членството во НАТО и напредокот кон ЕУ.

„Спроведувањето на потребните реформи и решавањето на прашањата на владеењето на правото и корупцијата, вклучително и спроведувањето на правдата со неказнивост, ќе биде клучно за овој процес. Најважно е да не се изгуби моментот“, рече Кејт Мари Брнз.

Зборувајќи за помошта на САД во пандемијата со коронавирус, таа наведе дека досега на Македонија ѝ се дадени над 2,7 милиони американски долари за спроведување со кризата.

„Американската помош ги поддржа владините напори, вклучително и оние предводени од Министерството за Здравство, за Образование и Наука; Државна изборна Комисија; и за спроведување на законот, судските и инспекциските органи.

повеќе во Сакам да Кажам

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...

Инцидент во Ѓорче Петров: Додека граделе нова го урнале ѕидот на соседната зграда

Додека градат нова зграда, пробиле ѕид на соседната. Хаварија при градежни активности ги вознемири жителите на станбениот блок на ул. Партизански одреди во Ѓорче...

Полицијата во Кондово пронајде пиштол !!

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице На 10.04.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(35) од с.Кондово, скопско....