Гол маж го гушка семафорот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Ленинова“ и ги вади од памет скопјани.
Всушност, станува збор за скулптура, која од далеку изгледа како вистински човек и која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Скулптурата е намчкана со боја, а човекот во раката држи кеса.
Засега не се знае кој ја поставил скулптурата, а тоа не го направиле градските ниту општинсите власти, ниту каква порака сакал да пренесе тој што ја поставил.