14 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаАдријана Алачки: Те сакам докторе Жан Митрев

Адријана Алачки: Те сакам докторе Жан Митрев

Пејачката и водителка, Адријана Алачки се огласи утрово на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Те САКАМ Докторе Жан Митрев, Саша Митрев ,,од тука до небото и назад“. Колку добрини мене ми направивте, а да не зборувам за целиот свет.

 

Те САКАМ Докторе Жан Митрев Саша Митрев ,,од тука до небото и назад”💝⚘ Колку добрини мене ми направивте, а да не зборувам за целиот свет. Прв пат го видов во Германија во Mainz, во црковната сала каде пеев за Велигден ,пред 20- тина години. На Велигденската прослава беа половина германци, пријатели на македонскиот клуб во Mainz, кои буквално не го оставаа да здивне, сите му се поклонуваа во тоа време. Од сцената го забележав токму заради неговата скромност. Се запознавме лично кога дојде со двете деца во рацете позади сцената, да ме замоли да му ја отпееме ,, Земјо Македонска” и верувале или не, не ги испушти децата од рацете цела вечер, дури и играше на орото со нив во двете раце. Пред прв пат да го запознаам, ја гледав на СНН операцијата што тој ја извршуваше на отворено срце и кога слушнав дека е Македонец, посакав раката да му ја бакнам и да го прегрнам. Господ веднаш ми ја исполни желбата и за Велигден токму заедно во Германија. Очите не ги вадев од него, колку грижливо се однесуваше кон децата и си велев,, Господе голем си, како не му паднаа рацете”. Кога се поздравивме за заминување ми кажа,, за лошо за арно” побарајте ме” и ми се заблагодари за песната.
Но животот ги пишува романите после долго, долго години… додека слетував во Токио, Јапонија, го пуштив телефонот и добив порака од керка ми дека е ,,готова” мојата мајка, враќај се. Ми се одзедоа и рацете и нозете, веднаш ми падна на ум да му се јавам. Неговиот одговор беше,, веднаш, сега, се што е во мојата моќ, ќе испратам возило да ја донесат и ми го затвори телефонот. Додека барав билет веднаш да се вратам назад ( ми рекоа следниот лет е за 24 часа) докторот ми се јави, ми кажа дека мојата мајка буквално е вратена во живот, терај си ја работата, ние сме тука. И благодарам и на Др. Borjanka Taneva која учествуваше несебично во тој чин. Која радост, кој спокој, да можев да полетам….ах докторе колку си голем. Jас сум само капката во океанот на кого се помогнал. Господ не става на многу пеколни искушенија во животот, можеби токму ние ќе ги чистиме кармите од претците. Седете си мирни и како велеше мојата баба,, плукни си синко во пазувите, деца имаш и не зборувај, ни суди за туѓите”.
Гледајте си го својот живот и своето гајле бери си го. Кај што си се наситил, ќе те стигне…затоа!!! За дете, боли до срж, ама до срж. Престанете со злоба, помолете се! Господ е семоќен . Гледај те си во својата чинија.
Текстот подолу го објавувам на
Igor Kasper Atanasov
Кој сме ние да судиме за нечиј туѓ живот…кој сте Вие по порталите да понижувате, да обезвреднувате…зарем немате за што друго да пишувате…барате вина во родител чие дете скршнало од патот. Колкумина од нас познаваат семејства чие дете подлегнало на некој порок и сте рекле од какви родители какво дете…ама дека ги познавате…некој некаде згрешил…некаде е грешката…некој не успеал нешто да запре…
Погледнете малку околу себе…и замислете се..на секому може се да му се случи…и не заборавајте дека на овој човек во кој деновиве му вперивте прст никој ама никогаш по што и да напишете нема да му ја симнете големината.
Кој родител сака детето да му скршне од патот, кој ?!
Тој човек е татко и на 400 вработени, од него многу усти се нахранети , од него многу животи се спасени…тој човек позади себе има историја на која може само да и позавидите, тој човек излезе јавно и даде изјава , а Вие неуморно се занимавате.. се прашувам до кога порталите ќе си копираат еден од друг и ќе ги преплават социјалните мрежи со еден ист наслов…дајте нешго ново бе дечки…
Тоа име не де руши гука гака…Тоа е градено со години…Тоа име влева надеж на многу болни, гладни, жедни…по некое време ќе се подзаборави сево ова,но Вие злобните земете пример и засрамете се…

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...

Доктор Арбен Таравари му го врати ефридолот на Артан Груби

На прославата на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Тетово, Арбен Таравари се појави со Ефридол пред толпата, и му го врати на Артан Груби. Оваа битка започна...

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...