13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаКонечно мир и тишина: Mакедонската полиција- ја расчисти Партизанска од моторџии

Конечно мир и тишина: Mакедонската полиција- ја расчисти Партизанска од моторџии

Вечерва, Македонската полиција во координирана акција на неколку возила(со учество и на граничната полиција) и десетина моторизирани полицајци изврши рација по цела должина на булеварот ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ и ги улови и казни сите несовесни моторџии и автомобилисти кои секоја вечер дивеат по оваа сообраќајница. Имено, полицајците беа координирани и ниеден не успеа да им избега, а вртењето телефони не помагаше бидејќи сите беа санкционирани, а имаше и отстранување и одземање на моторцикли и возила.policija-racija

Продолжете така секоја вечер во сите градови во Македонија, направете ги улиците безбедни за сите учесници во сообраќајот, а атмосферата мирна-европска каква што е навечер во Љубљана, Женева, Цирих, Загреб, Лондон каде што граѓаните се одмораат за да можат утре да бидат продуктивни, а не да станат ненаспани и уморни од дивеењто на хулиганите по улиците. Само така ќе ја оправдате довербата на народот, а кој сака да вози бесен мотор или автомобил, штом имал пари да го купи, може и да си направи приватна патека надвор од градовите, па нека вртат и брмчат колку сакаат.

Вечерва е првпат кога Скопје наликуваше на метропола, кога мирот и безбедноста по десетици години се вратија на улицата. Поттик за тоа нека ви бидат граѓаните кои се собираа наоколу и кога ќе видеа дека мангупите без кациги и со дебели вратови не можеа да им избегаат на вашите вкрстени колеги, кои ги пресретнуваа и во обратен правец, викаа само едно големо :БРАВО! ЛУЃЕТО ИСКРЕНО СЕ РАДУВАА!

Само напред, Скопје и Македонија заслужуваат ред и мир, и безбедност на пешаците ии другите учесници во сообраќајот.

Официјално од МВР: Во текот на 15.09.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се четири возила бидејќи биле технички неисправни, 17 возила бидејќи биле нерегистрирани, 26 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач бидејќи управувал возило под дејство на алкохол, 105 возачи бидејќи управувале возила со брзина поголема од дозволената, четири возачи поради поминување на црвено светло, двајца возачи поради непрописно престројување, 12 пешаци поради сторени прекршоци, 60 возила се подигнати со специјално возило „пајак” и пет мотоцикли се времено одземени.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...