6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаКомисијата за заразни болести утре изутрина ќе се состане за да ја...

Комисијата за заразни болести утре изутрина ќе се состане за да ја разгледа можноста за воведување дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести утре изутрина ќе се состане за да ја разгледа можноста за воведување дневен престој во училиштата, а одлуката ќе зависи од епидемиолошката слика.

– Последната информација што ја имавме во Комисијата е дека нема да има целодневен престој. Утре наутро имаме состанок, ќе ги видиме ставовите на Министерството за здравство, на министерот за здравство, на членовите на Комисијата – истакна денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, кој присустуваше на одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за раст кај децата.

 

Одговарајќи на новинарско прашање Исјановски рече одлуката зависи од епидемиолошката слика, од сите случувања во однос на самата болест и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување целодневен престој.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека е направена анализа за бројката на деца коишто би требало да останат во училиште и по завршувањето на часовите во смена.

– Ќе се донесе позитивна одлука исто како што се носи одлука и за исклучоците во сите други училишта, односно ако бројката на децата е толку мал да никако не ја загрозува нивната безбедност, односно да нема дополнителен епидемиолошки ризик што одредена група на деца ќе остане и после завршувањето на смената. Предност што е тоа истата група на деца, значи не се зголемуваат контактите, тие биле во контакт претходно, сега само се зголемува времето на престојот – појасни Филипче.

Исјановски денеска не ја исклучи можност за затворање на градинките, доколку дојде до влошување на состојбата со ковид-19, кои, пак се отворија на почетокот на месецот, но веќе има неколку случаи на дечиња заболени од корона вирусот.

– Да, можно е повторно затворање на градинките, можно и да се преземат одредени мерки и да се дадат насоки од Комисијата кон Владата – рече Исјановски, одговарајќи на новинарско прашање.

Родителите на децата до шест години од 23 септември треба да се вратат на своите работи позиции, исто така и оние кои користат продолжено породилно отсуство, а Филипче вчера во однос на барањето на овие родителите рече дека доволно време траеја сите мерки што се имплементираа во однос на продолжување на породилното отсуство, практично шест месеци.

– Ги укажаа нивните барања, ги слушнавме нивните аргументи и остануваме и понатаму во континуирана комуникација. Во однос на градинките развиени е алгоритми како и што се поставува кога ќе се дијагностицира дете, направени се протоколи за работи. И морам да кажам дека секојдневно ја следиме ситуацијата – рече министерот.

Директорот на струмичката градинка, Васил Бубев вчера информира дека уште две деца од градинката од истата група од која е првото, се позитивни на ковид-19.

– Не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на ковид- 19 во групата, бидејќи едното од децата воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на семејствата кои можеби се носители на вирусот, но се асимптоматски – изјави директорот Бубев. Единаесетте деца од оваа група и тројца вработени се во изолација.

На 15 септември беше забележан прв случај на дете заразено со коронавирус, во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.

Од следната среда, освен родителите на децата до шест години, лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, согласно владината одлука на работа се враќаат и хронично болните, со исклучок на лицата, кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист. Бремените жени продолжуваат да ги користат мерките, односно се ослободуваат од одење на работа.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...