енералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за Меѓународна година на мирот и довербата со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија. Министерството за култура и Министерството за образование и наука почнуваат иницијатива за приклучување кон прославата на оваа Меѓународна година со програма посветена на еден од великаните на македонската култура, Блаже Конески, по повод стогодишнината од неговото раѓање, велат во писмено соопштение од министерството за култура.
Денот на кој се родил овој исклучителен културен деец е запишан на Листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021 година. Оваа годишнина заслужува сите актери на културниот, академскиот и општествениот живот да ги мобилизираат своите креативни сили за достоинствено чествување на ликот и делото на Блаже Конески. Затоа, Министерството за култура и Министерството за образование и наука подготвуваат платформа за усогласување на различните настани што ќе се одвиваат на национално и на меѓународно ниво.
Мирот и довербата се стожерите на поетската и на научната дејност на Блаже Конески. Неговото монументално дело ги инкарнира овие длабокохуманистички идеали, стои во дописот од Министерството за култура.