6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР на ''Фејзбук'' ќе ги следи и казнува сите оние кои шират...

МВР на ”Фејзбук” ќе ги следи и казнува сите оние кои шират говор на омраза против Бугарија

spot_img

Полицијата го следи и го санкционира говорот на омраза на социјалните мрежи поврзан со актуелните случувања со Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека за ова соработуваат со бугарските колеги.

Ги следиме, преземени се одредени истражни дејства за одредени фејсбук-групи и на други мрежи. И ова не е само за ситуацијата туку и генерално, бидејќи проблемот со говорот на омраза е сериозен, создава непријателства и во други држави, иако во овој период е малку поизразено поради состојбата, изјави министерот.

И премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се пофали дека брзо реагирале за да го расчистат случајот со палењето на бугарското знаме, но и дека го разрешиле новинарот Зоран Иванов од Извршниот одбор на МИА поради Фејсбук статус.

Тој рече дека секојдневно соработуваат и со бугарските колеги, со тамошното МВР, за вакви случаи таму и за секое друго прашање – говор на омраза, организиран и транснационален криминал, миграција, и тоа не само со соседните земји туку и со сите земји во регионот и во ЕУ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...