3.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Бугарија ќе и донира на Македонија дел од секоја пратка на...

Филипче: Бугарија ќе и донира на Македонија дел од секоја пратка на вакцини против Ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја – ова беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше министерот Венко Филипче. Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија јавува 24.

<

„Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70% од населението. Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините, како и земјите од ЕУ“ – вели Филипче.

Бугарскиот Министер за здравство Костадин Ангелов посочил дека целта на оваа одлука е постигнување солидарност во услови на излегување од кризата, која ја предизвика пандемијата.

„Имаме можност за препродажба и донирање на вакцини против Ковид-19. Во таа смисла, по покривањето на националните потреби и потпишувањето на соодветните спогодби, ќе обезбедиме вакцини за граѓаните на  Северна Македонија“ – рече Костадин Ангелов, министер за здравство на Бугарија

Повеќе во 24 .мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал,...

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....