11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаПровокациите не прекинуваат: Албанско знаме се вее на Самоиловата тврдина во Охрид

Провокациите не прекинуваат: Албанско знаме се вее на Самоиловата тврдина во Охрид

spot_imgspot_img

Пред малку огромно албанско знаме е поставено на Самоиловата тврдина.

Веднаш под македонското знаме четворица непознати сторители  поставуваат повеќеметарско албанско знаме.

Не е познато кој и зошто поставува национални симболи на туѓа држава на ѕидините на Самоиловата тврдина.

Сличен ваков инцидент имаше во 2013 година кога на ѕидините на Скопското кале група млади албанци се обидоа да го развеат албанското знаме. Тогаш реагираше полицијата.

И овој случај е пријавен во СВР Охрид.

„Во Република Македонија Собранието има донесено закон за употреба на знамињата, државното знаме и знамињата на заедниците. Во него е определено дека на целата територија на Република Македонија во официјална употреба е државното знаме, а покрај државното во единиците на локалната самоуправа каде што покрај Македонците живее и друга заедница која е признаена со Уставот, а претставува најмалку 50% од населението се употребува и знамето на заедницата.

Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, знамето на Република Македонија мора да биде истакнато заедно со она на заедницата и од него да биде поголемо за една третина. Во член 8 од овој закон е наведено:

„Знамето на Република Македонија се истакнува со други знамиња согласно со закон и е со поголема димензија од една третина од другите знамиња.“

Според истиов закон, за прекршителите се предвидени казни во износ од 200 до 2000 евра во денарска противвредност.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...