3.7 C
Ohrid
среда, април 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДвајца ученици од Скопје избркани од училиште: Ако сакаш да ти уклучам...

Двајца ученици од Скопје избркани од училиште: Ако сакаш да ти уклучам камера мора да ми го И*****Ш !!! (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пцости и навреди кон професорка во средното скопско училиште Владо Тасевски – ПТТ за време на онлајн настава. Професорката во телефонски разговор за Сител го објасни целиот случај, но не сакаше да даде изјава пред камера и бараше анонимност.

<

-Инцидентот се случил на час за испрашување на знаењето на учениците. Откако побарала ученикот да ја вклучи камерата тој почнал да ја пцуе и да ја навредува.

Професорката вели дека ова е првпат да се соочи со вакви навреди за време на наставата. Училиштето експресно ги избрка учениците.

-Денес заседаваше наставничкиот совет и ЕДНОГЛАСНО донесе одлука да ги ИСКЛУЧИ двајцата ученици. СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме, велат од училиштето.

Синдикатот бара итни законски промени со цел заштита на наставниот кадар.

-Педагози, психолози, социолози и дефектолзи треба да дадат свој придонес за изнаоѓање на законско решение каде што наставниците максимално ќе бидат заштитени од апсект на вакви навреди и злоупотребување на малолетноста на учениците и да прават вакви испади. Во секој случај, мислам дека и домашното воспитување на некој начин затајува и од аспект на семејство и родители, навистина родителите мора да преземат повеќе грижа кон сопствените лица во однос на семејсното, домашното воспитување, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Од МОН појаснуваат дека постојат одредби во кои се предвидени законски постапувања во случаи на нарушување на угледот на наставниците.

-МОН остро ги осудува сите вакви и случни примери на комуникација меѓу учениците и наставниците и апелира на развивање повисока свест, почит и култура на целата училишна заедница – ученици, наставници и родители. Во своите активности МОН активно работи на зајакнување на стручните служби во училиштата, а во насока на зачувување на безбедноста, здравјето и културата на сите вклучени во воспитно-образовниот процес, велат од МОН.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал,...

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....

Не 20.000 евра мито, туку 100.000 евра барал директорот на Геријатрија !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од...