27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаГодинава нема да се спушта крстот во водите на Охридско Езро: Според...

Годинава нема да се спушта крстот во водите на Охридско Езро: Според информациите од Дебарско-кичевската епархија, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан духовно во црквите со утрински богослужби.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Манифестацијата на осветување на водите на Охридското Езеро и фрлањето на Чесниот крст возобновена после осамостојувањето на земјата, за прв пат нема да се одржува оваа година. Тоа значи дека нема да има ниту литии од црквите кон пристаништето, ниту богослужба на отворено, како ни масовното скокање по крстот на Градското пристаниште.

<

Според информациите од Дебарско-кичевската епархија, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан духовно во црквите со утрински богослужби и осветување вода. Потоа свештеник од Варош таа света вода ќе ја истури во Езерото, со што тоа симболично ќе биде осветено.

Водици и Богојавленските празници, пред се скокањето по крстот и Денот на рибарите во Охрид беа најмасовно посетена верска манифестација во земјата, на која одредени години присуствувале повеќе десетици илјади верници, како од градот, од околните места, но и од странство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...