8.6 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаВо сообраќајката кај Охрид загина 52 годишен кичевчанец, телото е предадено на...

Во сообраќајката кај Охрид загина 52 годишен кичевчанец, телото е предадено на обдукција

spot_imgspot_img

На 22-ри март 2021 година, во 18:05 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај клучката за влез кон Славеј Планина, на потегот помеѓу селата Песочан и Арбиново, општина Дебрца, се случила сообраќајна незгода во која загина едно лице.

– Незгодата се случи помеѓу патничко возило марка „Фолксваген бора“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од страна на 52-годишниот С.И. од Кичево и товарно возило „Цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.М. од скопското село Долни Сарај. На местото на незгодата починал возачот С.И., додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Фолксваген бора“, 40-годишниот Д.К. од Кичево и возачот Б.М., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. На местото на незгодата увид извршија полициски екипи, судски вештак и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција врз починатиот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...