13.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаАнгел Џамбаски: Охрид е бугарски град со бугарска престолнина..

Ангел Џамбаски: Охрид е бугарски град со бугарска престолнина..

spot_imgspot_img

Охрид е бугарска престолнина, никој не може да го негира тоа, изјави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, чија партија ВМРО е дел од бугарската влада, во интервју за Радио Слободна Европа. Џамбаски во интервјуто исто така обвини дека македонски државјанин со бугарски идентитет е казнет пред неколку дена за објавување фотографии од бугарски цркви во Охрид и прикажување на нивните мурали.

-До ветото добивме можност да го заштитиме правото на луѓето со македонско државјанство да се самоидентификуваат како Бугари. Овие луѓе се угнетувани. Преку инструментот за членство во ЕУ, мора да се согласиме за минимален стандард за почитување на нивните права во Македонија. Постојат стотици илјади такви луѓе. Јас ги познавам повеќето. Владата на Република Македонија во моментов драстично го крши нивното право на самоопределување. Луѓето кои се легитимираат како Бугари се повикувани во единиците на ДБК – ова е Одделот за државна безбедност и контраразузнавање, кој ги угнетува овие луѓе поради објави на социјалните мрежи. Македонски државјанин со бугарски идентитет е казнет пред неколку дена за објавување фотографии од бугарски цркви во Охрид и прикажување на нивните мурали. Тие се такви. Охрид е бугарска престолнина, никој не може да го негира тоа. Неодамна, бугарските граѓани беа запрени и затоа што нивните автомобили имаат бугарски регистарски броеви и повеќе од 72 лица беа приведени во Струмица – изјави Џамбаски.

Додека го даваше интервјуто зад него стоеше врамена стилизирана карта на Санстефанска Бугарија, која ги опфаќа цела Македонија, делови од јужна Србија и Косово и мал дел од Албанија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...