8.8 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаДоколку продолжиме вака амбициозно да работиме ќе донесеме инвестиции од 1 милијарда...

Доколку продолжиме вака амбициозно да работиме ќе донесеме инвестиции од 1 милијарда евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во првите три месеци од годинава се потпишани договори со три странски компании со вкупен износ од 50 милиони евра, а во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра. Канадската МАГНА која ќе гради нова фабрика во ТИРЗ Струга е третата нова инвестиција за годинава, и иако поради пандемијата нивните претставници го одложија доаѓањето договорот сепак е потпишан, најави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

<

„Она што е важно е што самиот тек и реализацијата на инвестициите, не зависи од чинот на потпишувањата. Не робувам на сликање, важно ми е работите да се случуваат“, рече Деспотовски.

Тој посочи дека во последните пет месеци успеале да поттикнат интерес кај петнаесет компании, дел од актуелните инвеститори, а дел се нови.

„Тоа се инвестициски проекти кои вкупно тежат околу 250 милиони евра и со кои се предвидува отворање на дополнителни 5500 работни места. Со овие компании разговараме во моментов и можам да кажам дека добар дел од нив веќе се во фаза во која подготвуваме одредени симулации за тоа што компанијата може да очекува како поддршка од државата што е чекор пред склучување на договор. Секоја работа сакам да ја водам со предизвик, амбиција, но и оптимизам кој се базира на реални бројки. Јас сум реален оптимист и можам да кажам дека годинава ќе биде позитивна“, изјави Деспотовски синоќа во „Тема на денот” на Сител телевизија.

„Едната е инвестиција во 9 цифри, односно повеќе од 100 милиони евра. Ако го задржиме трендот, а имаме амбициозна агенда и амбициозен работен план којшто веќе го реализираме, слободно можам да кажам дека во мојот тековен мандат можеме да стигнеме и до 1 милијарди инвестиции во ТИРЗ. Исто толку е направено за 20 години, а ние целиме да го направиме за 4. Наша цел се и нови работни места, па ако за 20 години се отворени 14.000, во следните 3 години оваа бројка двојно да ја зголемиме. Јас верувам дека овие бројки се достижни“, нагласи Деспотовски.

ТИРЗ воведе нов индивидуализиран пакет на државна помош и креира нови политики за привлекување на инвеститори врз основа на бројки и анализи кои постојано се прават и кои се базираат на фактот за кој период државата ќе си ги врати парите што ќе ги вложи, како и колку работни места ќе се отворат и колкави плати ќе им се исплаќаат на вработените.

„Продолжувањето на политиката на привлекување на инвеститори врз база на евтина работна сила кај нас креира системска сиромаштија. Можеби пред 15 години тоа било оправдано, меѓутоа од денешна перспективна тоа не е повеќе доволно. Нашата политика е дека инвеститорите кои ќе дојдат, достоинствено ќе ги платат луѓето“, рече Деспотовски.

Инаку во 2020 година, и покрај пандемијата компаниите во ТИР зоните имаат позитивни економски резултати стабилен број на вработени и раст на платите од 2 отсто, како и зголемена уплата во државниот буџет, покажува првичната годишна анализа. Компаниите вкупно уплатиле во буџетот околу 40 милиони евра во 2020 година што 90 отсто повеќе од дадената државна помош за истиот период.

„Во државниот буџет за 2020 останале 30 милиони евра како разлика од она што е приходувано и она што е реално исплатено. Тоа се повеќе пари за пензии, јавно здравство, образование, инфраструктура. Веќе работиме на посебни механизми за поттик на инвеститорите што побрзо да ја искористат помошта и да почнат да уплаќаат повеќе пари во државниот буџет. Поддршката на државата на инвеститорите е и поддршка на десетици илјади наши сограѓани низ целата земја“, нагласи Деспотовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...