6.5 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСела - Ќе блокираме се што може да блокираме се додека не...

Села – Ќе блокираме се што може да блокираме се додека не се усвојат нашите барања за државјанство со 3 сведоци

spot_imgspot_img

Лидерот на Алијанса за Албанците, сепак, вели дека е лага дека поради неговата коалиција е оневозможено донесување на законите од петтиот сет антикризни мерки, објаснувајќи дека амандманската расправата за оваа регулатива, која се носи по скратена постапка, би можела да трае најмногу три дена

Ние ќе блокираме сè што можеме да блокираме сè додека нашиот закон е блокиран со амандмани во матичната комисија каде што чека, вели лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, во интервју за Радио слободна Европа – ден пред утрешниот нов обид на премиерот Зоран Заев за договор со опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива за Законот за државјанство.

На прашање околу блокадата на законите од петтиот сет антикризни мерки, условувајќи го со законот за државјанство, Села вели дека цел месец се изнесуваат лаги дека Алијанса за Албанците го оневозможува ова законско решение.

„Ама не е вистина, тоа е голема лага. Не го блокираме, ние сме поднеле амандмани, но која е матичната комисија која дебатира околу оваа работа, бидејќи дојде време еве да ја кажам вистината за оваа тема. Тоа е Комисијата за финансирање и буџет, а таму, исто како и во Комисијата за европски прашања, можеш да имаш и 100 илјади амандмани, дебатата во оваа комисија трае три дена. Кажете ми колку денови и недели се дебатира оваа работа дека ние сме го блокирале петтиот сет на економски мерки кој треба да им помогне на граѓаните. Цел месец се кажува оваа лага и невистина пред граѓаните“,вели Села.

Ние колку и да сакаме да блокираме, тоа важи три дена, објаснува Села, посочувајќи дека сите амандмани за кои немало дебата во тие три дена, практично, паѓаат во вода, така што Собранието може да се состане и да ги донесе законите од петтиот пакет мерки.

“Други амандмани, кои ќе останат недебатирани, се фрлаат и може да си продолжат и да ја дадат таа помош на граѓаните. Ама по сè изгледа дека овие можеби немаат пари, па ајде да најдеме изговор во оваа работа која ја прават Алијанса за Албанците и Алтернатива. Тоа е лага. Лага која цел месец се кажува по прес-конференции, а треба да им се извинат на граѓаните што си играат со нивната тешка состојба“,вели Села.

Кон крајот на март, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја реализира најавата и достави 3 000 амандмани на трите закони од петтиот пакет антикризни мерки за ковид-19, откако парламентарното мнозинство успеа да постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ за деблокада на клучните законски решенија. Иако тогаш имаше најави за брзо закажување нова седница на Комисијата за финансирање и буцет, каде што амандманската расправа би течела три дена, тоа не се случи досега.

Сторија на 365 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...