Откако зачестија кражбите, откако малолетници возат нерегистрирани возила и откако не престанува палењето на гуми и кабли во населбата „Трајаново трло“, жителите од оваа приградска населба излегоа на мирен протест со кој што сакаат да го скренат вниманието на надлежните институции за да тие им ги решаваат проблемите а не самите да бидат чувари на личниот и општествениот имот.
Протестот на мирен и достоинствен начин го одржаа на крстосницата кај „Вила вон град“ а на истиот присуствуваа голем број жители од населбата обезбедувани од полициски службеници.