13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев заради рамковните на Груби- Пауновски е мој личен пријател ама јас...

Заев заради рамковните на Груби- Пауновски е мој личен пријател ама јас ќе барам да биде разрешен заради пркосот

Стојко Пауновски е мој личен пријател, но јас ќе барам од службите од Владата, од вицепремиерот Љупчо Николовски, доколку постои основа, да биде покрената постапка за негово разрешување.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев откако директорот на ДПИ Стојко Пауновски рече дека и по цена да биде разрешен, тој нема да ги прифати сите 35 рамковно вработени.

„Недозволиво е секој ден преку медиумите да водите полемики со потпретседателот на Владата, а сега гледам и со претседателот на Владата. Тоа е пркос кој не е дозволен. Во Владата има хиерархија, се знае како тоа треба да функционира“, рече Заев.

Заев смета дека постои основа за разрешување на Пауновски и очекува службите да покренат постапка.

„Истото го кажувам и јас, истото го кажува и потпретседателот на Владата Артан Груби. Тие се распределени согласно одредени планови за нивна вклопливост во самите институции. Самата инститиуција на крајот вели – тоа може, тоа не може. Но, секојдневно да се препукувате со потпретседателот на Владата, а гледам, сега и со претседателот на Владата, директор што е поставен од Владата, во време во кое што живееме, е апсолутно недозволиво“, рече Заев.

Затоа вели дека очекува да биде даден предлог за негово разрешување, и тоа од вицепремиерот Љупчо Николовски.

„Затоа што не може да си дозволите јавно да правите вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените, за нешто што е транспарентно и воспоставено на одлични основи, искрени основи, да самите институции дадат фидбек. Нормално, нема да се прави тоа што не може. Ако нема систематизирано место, или ако не може да се систематизира место, тоа лице не мора да биде примено. Но, ова е прашање кое што нашиот народ очекува да биде решено. Бидејќи, минуваат месеци, минуваат години, се плаќаат луѓе, а не работат ништо. Тргнато е во сериозен процес и тие луѓе треба да се распоредат“, рече Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...