20.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаврши Првата фудбалска лига: Шкендија го крена пехарот, Струга со историски пласман...

Заврши Првата фудбалска лига: Шкендија го крена пехарот, Струга со историски пласман во Европа

spot_imgspot_img

Шест години од своето формирање екипата на Струга Трим Лум го постигна најголемиот успех во клупската историја, откако денеска во последното коло сезонава во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) обезбеди премиерен настап во европските купови по триумфот на гостински терен над Силекс со 1:0 (0:0).

Пишува Тв21

До победата вредна настап во првото квалификациско коло во новоформираната Конференциска Лига Европа на УЕФА, Струга дојде во Кратово со автоголот на Дејан Благојевиќ во 67. минута, откако гостите од 29. минута остана со играч помалку поради исклучувањето на Марјан Алтипармаковски.

Од поодамна, шампионската титула ја обезбеди Шкендија, која ќе стартува во квалификациите за Лигата на шампиони, додека второпласираниот Шкупи, заедно со Струга и победникот во финалето на Купот меѓу Академија Пандев и Силекс, в среда, ќе настапат во првото квалификациско коло во Конференциската Лига Европа. Шкендија на крајот по ремито со Шкупи денеска (1:1), го подигна шампионскиот трофеј.

Ренова и Силекс ќе играат во баражот за опстанок во ПМФЛ против второпласираните екипи во второлигашката конкуренција Тиквеш и Охрид.

Од следната сезона во Втората лига ќе играат Вардар и Беласица, додека нови прволигаши се Брегалница Штип и Скопје.

Последно 33 коло во ПМФЛ:

Академија Пандев – Борец 3:1

Пелистер – Беласица 2:0

Ренова – Работнички 1:1

Шкендија – Шкупи 1:1

Силекс – Струга Трим 0:1

Вардар – Македонија ЃП 0:2

Табела; Шкендија 75, Шкупи 59, Струга Трим Лум 57, Македонија ЃП 55, Работнички 48, Пелистер 45, Академија Пандев 41, Борец 40, Силекс 36, Ренова 36, Вардар 31, Беласица 17.

Исто така победата на Шкендија ја честиташе и Али Ахмети на неговиот твитер профил.

Нема достапен опис

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...