15.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаПравила за пристојно однесување во Дино паркот има, но нема кој да...

Правила за пристојно однесување во Дино паркот има, но нема кој да ги почитува

Дино паркот во скопската зоолошка градина е вистинска атракција за посетителите, а за тоа доволно зборуваат и бројните фотографии на социјалните мрежи, како и општата заинтересираност за посета.

Но, дури ни една ваква атракција не можеше да помине без изолирани инциденти на непристојно и несоодветно однесување на граѓаните кон инвентарот. Од ЗОО Скопје повеќепати ги предупредувале родителите и децата дека макетите на диносаурусите можат да се допрат, но не и да се уништуваат.

На Твитер пак, се појави и фотографија каде дете уринира точно пред еден од диносаурусите, додека родителите стојат покрај него без да преземат ништо. Оваа фотографија предизвика бројни реакции на Твитер. Дел ја осудија постапката, друг дел ги осудија оние кои осудуваат, но она што останува е лошиот пример и одобрувањето од страна на возрасните, помладите посетители да се однесуваат онака како што сакаат во Зоолошката градина.

Истовремено, постојано се предупредува да не се хранат животните, но сведоци сме како тоа постојано се случува. Правила има, но нема кој да ги испочитува.

skpje.info.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...