3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЈака држава сме: Нема регистарски таблички, нема возачки дозволи, исто така фалат...

Јака држава сме: Нема регистарски таблички, нема возачки дозволи, исто така фалат и пасоши..

Со денови сите „оператори се зафатени“ за закажување термин за издавање лична карта и пасош. Регистарски таблички нема неколку месеци. Единствен начин легално да се управува ново возило е сопственикот да извади пробни таблички кои траат 5 дена, но тие може да се извадат најмногу двапати, анализира порталот 360 Степени.

Наместо да добијат сите, свидетелства им се издаваат само на полуматурантите и матурантите за да може да се запишат во средно или на факултет.

Граѓани се жалат дека во последниов месец имаат тешкотии да извадат лични документи како лични карти и пасоши, а повеќе од три месеци не можат да обезбедат ниту регистарски таблички за автомобили. Со крајот на учебната година се појави уште еден проблем, а тоа е недостиг од свидетелства во основните и средните училишта.

 

 

Скопјанец вели дека се обидува цел месец да закаже термин за лична карта и пасош преку телефонскиот број 072 92 92 92, но не може ниту да добие оператор за да се информира за слободни термини и времетраењето на изготвување на патната исправа.

„Секојдневно ѕвонам на телефонската линија која е објавена на веб-страницата на МВР и секогаш се случува истото – сите оператори се зафатени. Не можам ниту да се информирам за да знам дали воопшто ќе имам термин, а личната карта и пасошот ми истекуваат за неколку недели“, вели нашиот соговорник.

 

 

Од Министерството за внатрешни работи велат дека проблемот со вадење лични документи е поради надградба на системот, но дека од денеска граѓаните можат да ги добијат овие услуги.

„Поради надградба на системот, не работеа службите за издавање лични документи и за тоа навремено и соодветно ја известивме јавноста со понудени термини како замена за граѓаните кои нема да можат да ја добијат услугата во овој период. Од денеска службите повторно работат и граѓаните можат да ги добијат услугите“,
велат од Министерството.

Пред два дена МВР соопшти дека со измена на Законот за патни исправи ќе се продолжи важноста на пасошите, дипломатските и службените пасоши, чиј рок на важење е истечен или истекува по 31 јули 2020 година. Со оваа измена, важноста на патните исправи е продолжена до 31 декември годинава.

 

 

Од Министерството велат дека оваа измена е направена за да им се излезе пресрет на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, карантинот и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи. Тврдат дека патни исправи има во доволен број и дека им излегуваат во пресрет на сите граѓани.

„Патни исправи од сите типови има во доволен број и се одговара на сите барања на граѓаните. Има мал застој во издавањето на одреден тип возачки дозволи, но деновиве се очекува да пристигне пратка со обрасци, со што ќе се надмине и овој застој“, велат од МВР.

 

 

Појаснуваат дека овие измени важат и за дијаспората, но и за граѓаните што ќе сакаат да патуваат од земјава во странство.

„Што се однесува на прашањето дали наш граѓанин може да излезе од РСМ, одговорот е логичен – да, бидејќи Законот не дава ограничувања дали е некој во странство или во РСМ“, додаваат од МВР.

Три месеци нема регистарски таблички

Сите оние што купиле нови автомобили или ги сакаат да ги заменат регистарските таблички не можат да набават, бидејќи нови – нема.

 

 

Од една станица за технички преглед во Скопје велат дека проблемот со недостиг на таблички трае најмалку три месеци и доколку некој сака да регистрира ново возило единствен начин легално да го управува е да извади пробни таблички кои траат 5 дена, но, како што напоменуваат, тие може да се извадат најмногу двапати.

Од МВР велат дека проблемот е во тоа што претходниот договор со компанијата ‘Раде Кончар’ истекол, а редовната постапка за набавка на таблички била обжалена и се чека решение од Државна комисија за жалби по јавни набавки.

 

 

„Во меѓувреме, спроведена е итна постапка со цел обезбедување на таблици до завршување на редовната постапка, каде што избран е економскиот оператор ‘Квантум’ од Скопје, кој настапува како група понудувачи со оператор од Германија. Со тоа се надминува периодот до завршувањето на сите постапки околу редовната набавка“,
велат од МВР.

Според увидот во документите на Бирото за јавни набавки, договорот со „Квантум“ е склучен на 15 април, но и покрај тоа, граѓаните сè уште не можат да обезбедат регистарски таблички.

Одвај се собраа свидетелства за полуматурантите и матурантите

Крајот на учебната година донесе нови грижи за учениците, наставниците и родителите, бидејќи има недостиг од свидетелства во основните и средните училишта. Наставник од едно основно училиште вели дека одвај собрале свидетелства за да им ги врачат на учениците кои завршиле деветто одделение.

 

 

„Нема свидетелства, не знаеме точно каде е проблемот. Ги собиравме празните свидетелствата што ни останаа од минатата година само за да им издадеме на учениците кои завршуваат деветто одделение, за да може да се запишат во средно. За другите немаме, не знаеме ниту кога ќе има, а нема ниту свидетелства за пониските одделенија, кои ги оценуваме описно“, вели наставникот.

Ситуацијата е слична и во средните училишта, професорите ги собираат ланските свидетелства за да им се издадат само на матурантите со цел да го продолжат образованието на студии.

 

 

Свидетелствата ги набавува Бирото за развој на образование, а последниот распишан тендер за ваква набавка бил минатата година и тој договор истекува во јуни годинава. Според јавно достапните информации на Бирото за јавни набавки, годинава сè уште не е распишан нов тендер

Од Министерството за образование не одговорија на прашањето на „360 степени“ како е настанат овој проблем и кога се очекува да се реши.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...