„Ќе добиеш бубрег“ – оваа вест пред десетина дена му го променила животот на 22 годишниот Африм Халили.
Неколку дена по направената трансплантација тој е пресреќен бубрегот почнал да функцинира. Африм го доби едниот бубрег од починатата 40 годишна, а нејзиното семејство со голема хуманост во тој момент ги донираа бубрезите, срцето и коските на луѓе на кои им се продолжува животот. Халили е најмладиот примател на бубрег од починат донар. Неколку дена претходно заминала и пациентката која доби бубрег од почината.
Доктор Сашо Дохчев е дел од тимот за трансплантација во Македонија. „Нема нешто поемотивно и храбро кога некој ќе реши органите од блискиот да дадат живот на друг човек“, вели Дохчев. За шефот на тимот за трансплантација и директор на клиниката за урологија секоја трансплантација е специфична во последниот случај кај Африм таа била потешка, но како што вели Дохчев „Африм е стабилен и од наредната недела може да замине дома“.
Во моментот околу 80 лица се на списокот на луѓе кои одат на дијализа. Според Дохчев не секој што оди на дијализа е во состојба да добие бубрег.
Во време на пандемија се направени 12 трансплантации на бубрег. Шест од жив донор и шест од починат донор.