13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВозачи внимавајте: МВР купи 50 нови, ласерски радари, со кои полицијата ќе...

Возачи внимавајте: МВР купи 50 нови, ласерски радари, со кои полицијата ќе може да „лови“ брзи возачи и навечер

Досега Министерството за внатрешни работи располагаше со само 5 радари што можеа да мерат брзина во ноќни услови. Набавката на нови 50 уреди значи дека полицијата ќе „лови“ брзи возачи и ноќно време, практично, низ целата држава
Според тендерската документација, новите уреди се од марката „лајдар ласеркам 4“ на производителот „Кастм сигналс“ од САД
Министерството за внатрешни работи денеска ги презентираше новите ласерски радари што ќе ги употребува сообраќајната полиција. Станува збор за понапредни инструменти од досегашните, чија намена е да „ловат“ возила што се движат побрзо од дозволената брзина на патот.

Пред набавката, велат од МВР за „360 степени“, полицијата имаше вкупно 78 радари, од кои само пет можеа да „ловат“ брзи возачи навечер. Сите 50 нови уреди се опремени за ноќно мерење на брзина, што значи дека отсега полицијата низ цела држава ќе може да мери и да санкционира брзо возење и навечер. Меѓу другите карактеристики на новите радари се:

мерат брзина од 1 км/ч до 320 км/ч;
точност на мерената брзина – со отстапување до ± 2 км/ч;
може да измери брзина на возило на оддалеченост до 1 200 метри, како во заминување така и во доаѓање;
заштита од можност за бришење на снимањата;
печатење на резултатите од мерењата, преку поврзување со персонален компјутер;
пренос на податоците од мерењата во други електронски бази на податоци преку персонален компјутер;
ласерско мерило кое се насочува кон одредено возило со цел мерење на брзината на неговото движење (се мери брзината на движење само на едно возило, не може да се мерат повеќе возила).
Набавката на новите радари чинела 21 257 175 денари (345 000 евра), велат од МВР, и таа е направена согласно побарувањата, односно потребите на единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското работење.

„Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за (мерење н.з.) брзина и за алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија. Во крајна линија, сите сме сведоци дека од 2017 година наваму, како раководство на МВР, без престан инсистираме и дејствуваме на континуирано организациско и, пред сѐ, материјално-техничко опремување на сите наши служби, што како процес напоредно течеше со процесите на полициски реформи“,

истакна министерот Оливер Спасовски.
Спасовски посочи и дека новите 50 уреди се многу значаен исчекор во насока на зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

„Уверен сум дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголемат ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што, пак, треба да даде свои резултати во зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата“,

рече министерот Спасовски на денешнава промоција на новите радари во МВР.
Според тендерската документација, новите радари се од марката „лајдар ласеркам 4“ на американскиот производител „Кастм сигналс“ од Канзас. На интернет-страницата на компанијата има и подетален опис и видео за начинот на кој функционираат уредите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...