16.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаСо македонски пасош може да се патува без визи во 126 држави:...

Со македонски пасош може да се патува без визи во 126 држави: Каде се наоѓаме на ранг-листата?

spot_imgspot_img

Подобро од нас се рангирани Грција, Словенија, Бугарија, Хрватска и Србија, додека после нас на листата се наоѓаат Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово
Ако постои Олимпијада за пасоши, Јапонија не би била само домаќин туку и ќе победи. Вака „Си-ен-ен“ ја започнува презентацијата на најновото рангирање на моќта на пасошите што го изработува компанијата „Хенли и партнерите“ во кое јапонскиот е на прво место во конкуренција од 199 земји.

Со јапонскиот пасош, без виза може да се патува во 193 земји.

На оваа листа, македонскиот пасош е на 46. место и со него не е потребна виза за влезе во 126 земји во светот.

Како е рангиран регионот?
Од земјите во регионот најдобро рангирана е Грција (8. место) со чиј пасош не се потребни визи за 186 држави. Во шест држави помалку може да се влезе со пасош од Словенија, која е рангирана на 12. место. Бугарскиот пасош се наоѓа на 16. место и со него нема потреба за виза во 174 земји.

Едно позиција подолу на овој индекс се наоѓа Хрватска чии граѓани може да патуваат без визи во 173 држави.

Од нас, подобро рангирана е и Србија, која е на 38. место – не се потребни визи за 136 земји.

Едно место по Северна Македонија е Црна Гора (43.) чиј граѓани без визи може да патуваат во 124 земји или две помалку од нас.

Подолу на листата се Босна и Херцеговина (53. место – 117 држави), Албанија (55. место – 115 држави) и Косово (107. место – 40 држави).

Кој е на врвот, а кој на дното?
Покрај Јапонија, меѓу најмоќните пасоши има и Сингапур кој го зазема второто место со можност за патување без визи во 192 земји.

Третата позиција, пак, ја делат Германија и Јужна Кореа (191 земја). На четвртата се: Финска, Италија, Луксембург и Шпанија (190 земји). Листата од топ 5 ја заокружуваат Австрија и Данска со можност за патување без визи во 189 држави.

Последен на листата е пасошот на Авганистан со кој може да се патува без виза во само 26 земји. Претпоследен е Ирак (28 држави), а на дното се и: Сирија (29 држави), Пакистан (32 држави), Јемен (33 држави), Сомалија (34 држави), Палестинската територија (37 држави), Непал (38 држави), Северна Кореја (39 држави), како и Либија чиј пасош исто како и косовскиот овозможува влез без виза во 40 држави.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...

Велигденски хуманитарен базар во Охрид!

Велигденски хуманитарен базар во Охрид! На плоштадот Крушевска Република, денес, се одржа Велигденски базар, кој имаше хуманитарен карактер. Манифестацијата беше збогатена со културно забавна програма...

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел...

Разбојништво во струшкото село Враништа !!

На 29.04.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во спортска обложувалница во селото Враништа, струшко, едно лице со остар предмет...