5.6 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаЗабаваФерус распали по колегите: Срам да ви е што барате забрана за...

Ферус распали по колегите: Срам да ви е што барате забрана за странските пејачи во Македонија, вас некој да ви забрани во странство како ќе ви е?!!!!

Популарниот кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов (71) е изненаден од апелот од ЗЕУМ кој вчера го објави „Фокус“, а со кој нашите музичари бараат владата да ги забрани настапите на странски пејачи во земјава, поради, како што тврдат, економски и здравствени причини.

Имено, од Здружение на естрадни уметници на Македонија, појаснија дека во време на финансиска криза поради пандемијата, не е коректно да се излеваат парите надвор од земјава, па наместо странски, да се ангажираат домашни музичари. Исто така, реагираа и поради брзото ширење на новиот сој на вирусот, гледајќи ги гостите од страна како можни преносители, бидејќи доаѓаат со големи екипи и патуваат во разни краеви.
Според Ферус, неправедно е да се бара нешто такво, бидејќи во музиката не постојат граници и националност.

 

-Сите сме погодени од панедмијата, тоа е факт кој не може да се оспори. Но, мене денес да ми се јават од Србија или од било која земја и да ме поканат на фестивал, веднаш, без размислување ќе заминам. За жал, сите фестивали на кои во минатото настапував се откажани, морам да се помирам со тоа и да гледам напред. Истото важи и за моите колеги од Македонија, кој е виновен што нив не ги канат во странство? Гарантирам дека доколку некој ги покани, било на фестивал, на настап во локал, на концерт, веднаш ќе тргнат на пат, нема да има двоумење. Затоа, ме изненади ставот на ЗЕУМ по повод музичарите од странство кои ни гостуваат, ми смета таа неколегијалност во овие времиња кои се исто тешки и за нашите колеги од регионот. Мора да се прифати тоа, дека секој слуша тоа што сака, не може да и се наметнува на публиката музика со сила – раскажува музичарот.

 

Се сеќава на неговите гостувања во странство пред панедмијата, на тоа како секогаш бил дочекан со големо гостопримство, на посетеноста на концертите и на расположената публика. Вели дека во овие времиња мора да има солидарност на естрадата на глобално ниво, и треба да се почитува изборот на публиката.

 

-Како би ми било мене, да имам настап во регионот, и тамошните музичари да се побунат против моето гостување? Лоша работа е тоа, не смее така да се резонира. Би им порачал на колегите од Македонија да бидат сплотени и да покажат човечност за сите, а не да излегуваат со вакви, срамни барања. Не може на државата да и се каже кој да биде забранет, ниту пак на сопствениците на локали, а уште помалку на публиката, каква музика да слуша и каде да ги троши своите пари – појаснува Мустафов.

 

 

Во телефонскиот разговор за „Фокус“ вели дека со семејството е во родниот Штип. Не крие дека пандемијата и забраната за настапи финансиски го погодила, но смета дека е неблагодарно да се жали во јавност, бидејќи не само музичарите, туку и голем број на луѓе од други професии трпат загуби, но достоинствено се соочиле со ситуацијата и барале начин да излезат од кризата.

-Јас примам минимална пензија, сопругата Јелена не е вработена, иако веќе подолг период бара работа. Ја имаме ќеркичката Мелек која има девет години, се снаоѓаме како умееме. Минималната пензија е доволна да се платат сметките, но не се жалам. Имам помош од семејството, толку години сум настапувал, сум заработувал, срамота е сега да излезам во јавност и да барам помош од државата. Единствено ми треба вработување за сопругата, сега Мелек е поголема, па мајка и ќе може да оди на работа- раскажува Ферус.

Открива дека не добил ниту денар од државната помош која беше одобрена за неговите колеги, бидејќи како на пензионер не му следува, и вели дека не ни планирал да седи со скрстени раце и да чека пари од буџетот.

-Познавам многу колеги, музичари, кои си имаат и друга работа покрај музиката, ама беа најгласни да добијат парична помош и од државата. Не го оправдувам тоа, класична злоупотреба е. Посебно оние младите кои бараа помош, не знам зошто не се снаоѓаат, не може така да се седи и да не се работи ништо друго, пандемијата може да потрае со години, на товар на државата ли да бидат цело време?

 

 

Каде е инстинктот за преживување, мора да се работи нешто, а не да се чека некој да ти даде. Јас на моја возраст не се откажувам, јасно ми е дека мора сам да се снаоѓам за да си ја гледам фамилијата, а од друга страна гледам како млади, во свои 30-ти или 40-ти години чекаат друг да ги помага.

 

 

Нека ми простат, ама кога гледам дека нешто не е во ред, не можам да премолчам, исто како со ситуацијата со музичарите од странство. Музика е ова, уметност, кој има дарба и квалитет, ќе си најде начин да си живее од музицирање, кој не, од друго место нека си бара леб. Сепак, не можеме да одиме едни против други, потребно е да се има разбирање за сите кои се од нашата бранша, сеедно од која земја доаѓаат – ни изјави Мустафов.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...