14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаСвет''Србите и Хрватите се скараа, не можат да се договорат чив бил...

”Србите и Хрватите се скараа, не можат да се договорат чив бил Никола Тесла”.

spot_imgspot_img

Планот на Хрватска да го стави познатиот научник Никола Тесла на евро монетите предизвика критики во Србија чија централна банка денеска одлучи дека ќе го покрене прашањето во Европската унија, јавува Агенцијата Франс Прес.

Тесла, кој е етнички Србин роден на територијата на денешна Хрватска во 1856 година кога земјата била дел од Австроунгарската империја, е причина за гордост на двете земји чии односи не се добри по крвавите војни кои доведоа до распадот на Југославија во деведесеттите години на минатиот век.

Никола Тесла ќе биде претставен на хрватските евра
Загреб и Белград го прогласуваат Тесла за свој, а Хрватска неодамна објави дека планира да го пушти еврото со ликот на научникот во 2023 година.
Во соопштението испратено до агенцијата Франс прес Националната банка на Србија наведува дека ставањето на Тесла на монетите е несоодветно.

Toa би значело „узурпирање на културното и научното наследство на српскиот народ“ земајќи предвид дека Тесла се идентификуваше како Србин наведуваат од банката за АФП.

“Соодветните акции со институциите на ЕУ ќе бидат преземени ако тоа се случи“, се наведува во соопштението без да има дополнителни детали.

Загреб, пак, ги отфрла критиките нагласувајќи дека Тесла е роден во Хрватска. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ минатата недела кажа дека Србија не може да влијае на нивната одлука. Инаку Тесла се декларирал како граѓанин на светот, а најголемиот дел од неговата кариера ја поминал во Соединетите Американски Држави.

slobodnaevropa

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...