13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаДоколку пиете кафе а не сте вакциниран, ќе платите казна 250 евра,...

Доколку пиете кафе а не сте вакциниран, ќе платите казна 250 евра, а за сопственикот на кафаната, глобата ќе биде од 2.500 до 3.000 евра.

Директорката Симеска-Димоска за САКАМДАКАЖАМ.МК појаснува дека во нивна надлежност е да казнуваат и физички и правни лица за непочитување на мерки од Законот за заштита на населението, и дека ќе биде нивна проценка кога ќе бараат асистенција од службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР). Надлежноста, вели таа, е согласно членовите 58 и 28 од Законот и додава дека досега имаат одлична соработка со МВР.

Грaѓаните кои од понеделник ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19 ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, вели дирекоторката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска.

Владата на 7 август донесе одлука дека од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст.

Директорката Симеска-Димоска за САКАМДАКАЖАМ.МК појаснува дека во нивна надлежност е да казнуваат и физички и правни лица за непочитување на мерки од Законот за заштита на населението, и дека ќе биде нивна проценка кога ќе бараат асистенција од службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР).  Надлежноста, вели таа, е согласно членовите 58 и 28 од Законот и додава дека досега имаат одлична соработка со МВР.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на населението и да не влегуваат во објекти без сертификат за примена вакцина“, изјави Симеска-Димоска.

Меѓу останатите одлуки од владината седница на 7 август со цел спречување на ширењето на новиот бран на ковид-19 се:

   До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на ковид-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.
  • За ноќните клубови, дискотеки, кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

Според последните информации од Министерството за здравство, во државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани.

Целиот текст на СДК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...