На 5 и 6 октомври ќе се случи првата официјална посета на македонски претседател во Грција. Ова го најави вечерва претседателот Стево Пендаровски на гостување во ТВ Алсат.
„Ќе бидам првиот претседател кој ќе оди во официјална посета на Грција. Тоа ќе се случи на 5. и 6. октомври. Ќе имам средба со претседателот, премиерот и претседателот на собранието, но и со лидерот на опозицијата. Тоа било обичај секогаш кога некој доаѓал во официјална посета, да се види и со лидерот на опозицијата“, рече Пендаровски.