15.9 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не ме интересира кој е тој што пукаше во Чаир- Секој...

Заев: Не ме интересира кој е тој што пукаше во Чаир- Секој ќе си одговара, му кажав и на министерот !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи постапува по случајот каде на отворање на изборен штаб на ДУИ во Чаир, било пукано во воздух од огнено оружје, потврди денеска премиерот Зоран Заев, наведувајќи дека од МВР го информирале дека работат на случајот.

<

Без разлика за кого се работи ова е недозволиво. Не знам која била намерата, ако некој мисли дека така привлекува гласови се лаже. Тоа одвраќа гласови. Демонстрацијата на сила, мускули и не знам што, па и пукање во воздух е навистина недолично за земја аспирант за членство во ЕУ и на крај не е прагматично добро. Јас јавно му кажав и на министерот за внатрешни работи да се постапува по сите случаи, не ме интересира кој е, секој да си одговара, поради тоа што ова не смее да се повтори, изјави премиерот Заев.

Настанот се случил на 27 септември во Чаир, во време кога пред симпатизерите на партијата говор држел пратеникот Изет Меџити. На овој настан исто така присуствуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и други кандидати од листата на советници на ДУИ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...