8.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридЗдравевски: Младите заслужуваат да создаваат иднина дома, во Охрид

Здравевски: Младите заслужуваат да создаваат иднина дома, во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Младите заслужуваат да создаваат иднина дома, во Охрид. Гарантираме работа, промени и создавање проекти со идниот градоначалник на нашиот Охрид, Д-р Кирил Пецаков, истакна на денешната прес-конференција кандидатот за советник во општина Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Здравевски и наброја дел од проектите посветени на младите.

<

“ИЗГРАДБА НА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР со библиотека, читална, простор за дебатен клуб, кариерен центар, простор за семинари, кафе бар кој освен за пауза идеален и за настапување на охридски бендови, а воедно и простор за учење, едукација и за забава на младите во секој период од годината.

СУБВЕНЦИОНИРАНИ КУРСЕВИ ПО ИНФОРМАТИКА, МАТЕМАТИКА И АНГЛИСКИ ЈАЗИК за невработени лица и студенти во Општина Охрид коишто живеат во семејства со ниски месечни примања или семејства во социјален ризик.

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТАЛЕНТИРАНИ МЛАДИ ЛУЃЕ коишто покажуваат талент во одредена област и се истакнуваат на натпревари.

СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ кои се истакнуваат во образованието и ја планираат својата кариера во областа на туризмот во Охрид.

ОТВОРАЊЕ РЕАЛНИ КОМПАНИИ ВО СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА со цел младите да бидат што поподготвени за влез на пазарот на трудот.

ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКИ СОВРЕМЕНИ ИГРАЛИШТА.”

“Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Младите и нивна светла иднина во Охрид! 7 за победа на Д-р Кирил Пецаков и советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, порача Здравевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...