14.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЈамандиев: Гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“...

Јамандиев: Гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец и изградба на ново современо основно училиште

spot_imgspot_img

Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите.

Спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации какви што ѝ се потребни на Општина Охрид. Во таа насока, за потребите на жителите на Лескоец и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ со цел подобрување на физичкиот развој. Придобивки од овој проект имаат и спортските клубови во село Лескоец.

Образовниот процес не е само теоретска наобразба на учениците од учебници. Основното образование е темел на нашата иднина, расадник на нова идна генерација мислители, научници и иноватори, уметници, водачи и креатори на новите стандарди и на новиот начин на живеење во Охрид.

За таа цел гарантираме изградба на ново, современо основно училиште.

Заокружи 7 за Образование за сите!

7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, се вели во изјавата на Наум Јамандиев, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...