15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаПлата и до 3.000 евра за возач на автобус во Германија

Плата и до 3.000 евра за возач на автобус во Германија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Германија се соочува со недостиг од 16.000 возачи на автобуси, а потребата од оваа професија во цела Европска унија е особено голема, бидејќи голем дел од нив заминуваат во пензија и не се обновуваат со нов кадар.

<

Проценките покажуваат дека до 2020 година, ЕУ ќе се соочи со недостиг од голем број возачи. Интерес за овој вид работа во Германија се појави и во Хрватска, каде веќе има луѓе кои почнале да возат градски линии на јавен превоз, пренесува Гласот на Славонија.

Договорите што ги склучуваат подразбираат учење на германски јазик неколку месеци во претпладневните часови, додека попладне одат на обука за сообраќање на линиите, односно учат по кои улици треба да возат и на кои постојки треба да застанат. На лицата им е обезбедено сместување и храна, а доколку одлучат да возат и ноќни линии, ќе имаат можност да заработат и до 3.000 евра.

Од останатите земји во ЕУ, платите во возачите во Италија се движат околу 2.000 евра месечно, во Германија од 2.500 до 3.000 евра, а во Шведска и Данска околу 3.500 евра.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...